СДСМ: Барање за итна седница на Собранието за поплавите
11.08.2016 13:17
Опозициската партија предлага и конкретни заклучоци...

Пратеничката група на СДСМ до Собранието достави барање за одржување итна седница за состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди што се случија во саботата. Опозициската партија предлага и конкретни заклучоци.
Собранието мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди, изјави Шилегов.
Ги повика сите пратенички групи и пратеници во Собранието да го поддржат нивното барање.
