Стабилизација на временските услови
12.08.2016 13:19
Невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер синоќа го зафати неготинскиот крај, а во Куманово паѓаше и град...

Денеска времето ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со слаб локален дожд.
Ќе дува засилен северен ветер, а во Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина од околу 80 километри на час.
Синоптичарите од УХМР прогнозираат- викендот времето ќе биде стабилно, со постепен пораст на температурата. Во понеделник времето ќе биде сончево.
