4.377 граѓани со спорни записи досега се пријавиле во ДИК
12.08.2016 14:13
1.966 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.411 ја искористиле веб апликацијата...

До Државната изборна комисија заклучно до денеска напладне се пријавиле вкупно 4.377 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Од нив, како што соопшти ДИК, 1.966 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.411 ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
