Отворена седмата Школа за млади лидери, учесниците повикаа на хуманост
Претседателот Иванов во обраќањето пред учесниците на Школата им укажа на младите лидери дека низ целиот живот ќе се соочуваат со потребата да помагаат, да нудат решенија, да бидат тие кои ќе бидат иновативни, креативни.

Во Охрид, на иницијатива на претседателот Иванов, се одржува седмата по ред Школа на млади лидери. Ќе присуствуваат 28 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, од Европската унија, САД, Австралија и од Египет.
Претседателот Иванов во обраќањето пред учесниците на Школата им укажа на младите лидери дека низ целиот живот ќе се соочуваат со потребата да помагаат, да нудат решенија, да бидат тие кои ќе бидат иновативни, креативни.
Времето е такво што секоја област во секојдневниот животот е подложна на промени и бара луѓе кои се иновативни, луѓе кои ќе нудат решенија, личности кои ќе излегуваат надвор од воспоставените догми, теории, пракси. Имате извонредна можност да ги слушнете искуствата, да ги сознаете вештините, не знаењата, туку да ги осознаете начините како да дојдете до применливи знаења што ќе им овозможи уште поголем успех во своите области, во своите средини, рече меѓу другото Иванов.
На првиот ден од школата, учесниците повикаа на хуманост и донираа средства за настраданите во неодамнешните поплави.
