Заврши користењето на средставата од ИПАРД 1 програмата

17.08.2016 10:13

Остануваат да се доработат уште последните барања и во текот на септември да почне објавувањето на огласите од ИПАРД 2...

Реализацијата на ИПАРД 1 беше најголема во последниве две години.

Досега користењето на европските фондовите во практиката овозможи искуство за македонските земјоделци како повеќе да аплицираат за ко-финансирање на нивните инвестиции спореде вропските стандарди.

Така во текот на 5 години колку што реално се спроведуваше програмата беа објавени 12 јавни повици на кои аплицираа повеќе од 3.000 баратели .

Досега се исплатени 7,4 милиони, а до крајот се очекува да се исплатат уште 11 милиони евра за ИПАРД корисниците.

Во ИПАРД 2 програмата има олеснување во критериумите и зголемување на ко-финансирањето, од 50 на 60  проценти за поддршка на примарното земјоделско производство и на 65 проценти за малите бизниси во рурални средини.

 

Методија Трајков