Поголем род со системот капка по капка на оризови полиња
Оризот на експерименталното поле во кочанско со поставените системи капка по капка добро се развива, велат експертите. Резултатите треба да го дадат одговорот дали и кај нас, како и во други земји, оризот може да се наводнува со користењето на овие системи. Стручните лица се оптимисти и очекуваат поголем род...

Системите за наводнување капка по капка на експерименталното поле беа поставени веднаш по сеидбата на растенијата и според експертите одлично се развиваат и се очекуваат високи приноси со големи заштеди на вода и на репроматеријали.
Земјоделците секојдневно ќе добиваат совети за користењето на системот и за употребата на соодветните агротехнички мерки за заштита и за прихрана на посевите.
Светските искуства со примената на капка по капка во производството на оваа култура покажуваат дека приносите се поголеми за 40 проценти, се заштедува од 50 до 60 проценти вода, се намалува губитокот на ѓубривата и се заштитува животната средина.
Методија Трајков
