Обесштетување: Пријава на трансакциски сметки на поплавените

22.08.2016 10:09

Граѓаните и денеска може да ги пријават деловните банки во Министерството за финансии, каде што планираат да им биде исплатена авансната отштета од 500 евра...

Завршува прогласената кризна состојба во Скопскиот и во Тетовскиот регион што траеше 15 дена од поплавените во овие подрачја. Граѓаните и денеска може да ги пријават деловните банки во Министерството за финансии, каде што планираат да им биде исплатена авансната отштета од 500 евра.

Тоа може да го сторат на телефонските броеви 3255-578, 3255-586, 3255-743, 3255-742, како и со испраќање на порака со име и презиме и името на банката во Министерството за финансии на мобилниот 070/271-410.

Од Министерството посочуваат дека сите лица кои беа евидентирани од комисијата за процена од двата региона ќе бидат опфатени со оваа исплата, но и дека во моментов се прибираат податоци исклучиво за лица кои што се наоѓаат на овој список доставен од  комисијата.