Напад на Боко Харам на североистокот од Нигерија

22.08.2016 14:57

Вооружените џихадисти пукале во луѓе, ограбувале и палеле домови во селото Кубрива.

Припадници на исламистичката Боко Харам убиле 10 луѓе, а киднапирале 13 на североистокот во Нигерија. Вооружените џихадисти пукале во луѓе, ограбувале и палеле домови во селото Кубрива.

Во 2014 година, на истото место, Боко Харам ги принудија селаните да ги напуштат домовите.

Групата е одговорна за убиство на околу 20.000 луѓе во Нигерија. Истата година киднапараа и 200 ученици.