ДИК: Усвоен извештајот за спорните гласачи

23.08.2016 16:35

Членовите на ДИК едногласно го усвоија извештајот за спорните гласачи. 30.447 граѓани се избришани од избирачкиот спиок. Имаат дополнителна можност повторно да се пријават за време на јавниот увид пред изборите...

30.447 спорни гласачи кои не се пријавиле во законскиот рок, се избришани од избирачкиот список. Ќе имаат дополнителна можност да го направат тоа во 15-дневниот јавен увид пред изборите. Во рокот од 25 дена, во ДИК пристигнаа 8.992 пријави.

30.467 согласно законот не се запишани во избирачкиот список. Според Управата за водење матични книги, 20 лица од вкупно 30.467 кои не поднеле пријава се починати заклучно со 19-ти август 2016 година“, изјави Александар Чичаковски, претседател на ДИК.

Податоците се реални, но Комисијата мора да изнајде начин и овие граѓани да може да го искористат уставното право на глас, вели Супхи Јакупи. Предложи повторно да може да ја користат и веб- апликацијата на ДИК.

„Комисијата треба да направи напори да не останеме на овој извештај само, туку да ги повикуваме граѓаните да се евидентираат се до одржувањто на изборите“, вели Супхи Јакупи, член на ДИК.

Пред почетокот на седницата, членовите го добија писмениот извештај од МВР за граѓаните кои до 26-ти јули се пријавиле дека се надвор од државата. Силвана Бонева побара ажурирање на конечните податоци.

„Можеме тоа да го направиме и по истекот на рокот, ако побараат тројца членови на ДИК, доколку ценат дека има потреба да покренат проверка на некои од гласачите што се пријавија“, изјави Силвана Бонева, член на ДИК. 

„30 лица кои на датумот на пријавување на иселените е на 26.07, а 54 лица се починати“, изјави Виолета Дума, член на ДИК.

Бедредин Ибраими истакна дека ДИК ја завршила работата стручно и професионално, и како што додаде сега топката е кај политичарите да се договорат за датумот за избори.

„Се дава порака до политичките партии дека ДИК ја заврши својата работа. Тоа што го бараа од нас ние го направивме, а тие сега треба до 31-ви август да седнат и да се договорат, и конечно државата да се извлече од оваа тешка политичка криза и да се одржат избори“, рече Бедредин Ибраими, член на ДИК.

Во меѓувреме, тече рокот од 10 дена во кој најмалку три члена на Комисијата доколку се сомневаат во податоците на пријавените граѓани да побараат увид во документацијата.

 

 

Милчо Велески