Се стабилизираа цените на зелените пазари

24.08.2016 10:09

Во првата половина на август цените на доматите и пиперките на зелените пазари бележеле мало покачување во споредба со истиот период лани. Од овошјето најскапо се продавале лимоните...

По поплавите во Скопско, цените на зеленчукот на зелените пазари се стабилизираа. Доматот во просек чини од 30 до 50 денари за килограм, а кај пиперките има мало зголемување за 12 проценти.

Пад на цената има и кај краставиците од 31, морковот од 19 и оризот од 11 отсто споредено со лани.

Поради топлото време, на зелените пазари порано од вообичаеното има и богата понуда на сливи и на трпезно грозје. Во првата половина на месец август, повисоката цена на лимонот до 18 проценти се должи на намалената понуда од традиционалниот извозник кај нас, Турција, каде бербата уште не е почната.

Смоквата се продава по двојно помала цена. Поради се поголемата понуда евтина ќе биде и натаму и се очекува смоквите да се продаваат и до 20 денари за килограм.

 

Методија Трајков