Почна изградбата на рударскиот комплекс во Казандол, највени нови 250 вработувања
Почна изградбата на рударскиот комплекс во Казандол во Валандовско. Ќе се произведува катоден бакар. Англиско- украинската инвестиција е проценета на 35 милиони евра. Надлежните најавија 250 вработувања...

Почна изградбата на рударскиот комплекс во Казандол, Валандово. Инвестицијата е проценета на 35 милиони евра. На изградбата и претходеа двегодишни анализи и истражувања од компанијата Сардич. Во првите седум години се очекуваат приходи близу до 135 милиони евра.
Во фабриката што ќе се изгради ќе бидат ангажирани директно 100 луѓе, а во целиот комплeкс 250. Потврдени се резерви од 33 милиони тони руда. Се очекува 20 години експлоатација. Капацитетот на рудникот е 4 илјади тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од финска фирма за да се спречи негативното влијание врз животната средина.
Ова е прва фаза на проектот. Со отворање на следниот рудник е планирано и отворање дополнителен погон за преработка на катодите во бакарни цевки и валана жица. Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година.
Производите ќе се пласираат на европскиот пазар. Покрај концесијата за Казандол, компанијата има концесија и за Петрошница и за Плавуш.
Наташа Гркова- Петрушевска