Продолжуваат разговорите за избор на петтиот член на ад хок комисијата
30.08.2016 10:09
Четворицата членови и вчера не постигнаа согласност за изборот кој според договорот од 20-ти јули треба да биде етнички Албанец.

Привремената комисија за следење на медиумското изборно претставување продолжува со разговорите за избор на петтиот член.
Четворицата членови и вчера не постигнаа согласност за изборот кој според договорот од 20-ти јули треба да биде етнички Албанец.
До 31-ви август ќе најдеме решение, велат од привременото тело, но поради чувствителноста на целиот процес не сакаат да изнесуваат детали.
Рокот за избор на петтиот член истече на 24-ти август.
