Пелагонија: Раст на приносот на пченка со помош на системот „капка по капка“
Производителите бележат пораст на приносите од 124 проценти од 2012 до 2015 со помош на системите за наводнување „капка по капка“ и употребата на течни ѓубрива.

Во Пелагонија стартуваше жетвата на пченка за силажа. Претставниците на УСАИД за експанзија на мали бизниси, ветуваат продолжување на нагорниот тренд на производството.
Производителите бележат пораст на приносите од 124 проценти од 2012 до 2015 со помош на системите за наводнување „капка по капка“ и употребата на течни ѓубрива.
Просечните приноси на силажа на 500 земјоделци пред воспоставување на системот бил 39 тони по хектар во 2012 година, а по поставувањето на системите има континуиран раст.
Непогодните временските услови годинава имаа значително негативно влијание врз производството на пченка, но земјоделците кои се служат со системите „капка по капка“ и течното ѓубриво ги минимизираа последиците и очекуваат да го задржат или надминат минатогодишниот просек, велат надлежните.
