Истече рокот за дополнителна проверка на спорните гласачи

30.08.2016 11:29

Според едногласно утврдениот извештај на комисијата, пријава не поднеле 30.447 од вкупно 39.502 спорни гласачи.

Истече рокот до кога Државната изборна комисија требаше да ги направи дополнителните проверки со спорните гласачи.

Според едногласно утврдениот извештај на комисијата, пријава не поднеле 30.447 од вкупно 39.502 спорни гласачи.

Оние што не се пријавија во законскиот рок ќе имааат дополнителна можност тоа да го направат во текот на 15-дневниот јавен увид пред предвремените избори за пратеници во Собранието.