Донација од Романија за поплавените

31.08.2016 08:35

Донацијата ќе биде предадена во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населба Аеродром, каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување...

Преку Механизмот за цивилна заштита денеска се очекува да пристигне донацијата од Република Романија за поплавените во Скопско и Тетовско.

Донацијата ќе биде предадена во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населба Аеродром, каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На примопредавањето на донацијата, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, ќе присуствуваат претставници од Амбасадата на Република Романија и претставници од Владата на Република Македонија.

Во Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Грција, Австрија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка и Холандија.