Субвенции за подигнување нови лозови и овошни насади
Почна електронското пријавување за субвенцирање нови лозови и овошни насади. Поднесувањето на барањата ќе трае до крајот на овој месец. Земјоделците кои ќе инвестираат во ваквото производство ќе добиваат до 2,5 милиони денари.

До 30 септември лозарите и овоштарите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на нови насади подигнатиод 1 јануари до 30 септември 2016година.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и местото на насадите.
Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци со површина од најмалку половина хектар.
Треба да имаат и агрохемиска анализа на почвата и платена водарина и пашарина.
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување ,а оние со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.
Методија Трајков
