Петок- краен рок за пријавување штети од поплавите

31.08.2016 10:35

Штетите можат да се пријават во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово...

Крајниот рок за пријавување на настанатите штети од поплавите кои се случија на 6-ти август годинава е петок (2-ри септември), информира вчера Владата.

Штетите можат да се пријават во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во петок.