Нова средба ад хок комисијата за медиуми за избор на петтиот член

31.08.2016 10:41

Еден од двајцата кандидати за петти член во ад хок телото за мониторинг на медиумското известување, Даут Даути, официјално се повлече од трката...

Привремената комисија за следење на медиумското претставување денеска на пладне ќе продолжи со разговорите чија цел е да се избере петти член на комисијата. Рокот за избор на петтиот член, кој согласно политичкиот договор треба да е етнички Албанец, истече минатата недела.

Еден од двајцата кандидати за петти член во ад хок телото за мониторинг на медиумското известување, Даут Даути, официјално се повлече од трката. Со писмо ги извести веќе избраните четворица членови дека не сака да биде пречка за одржување на изборите. Смета дека е нереално да се очекува одлуката за петтиот член да се донесе со консензус.