ДИК: Извештајот за пријавените спорни гласачи е конечен
31.08.2016 10:52
Во законскиот рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување, согласно објавениот јавен повик, не било поднесено барање од три или повеќе члена на ДИК за дополнителна проверка на кое било од лицата...

Извештајот за пријавените спорни гласачи е конечен- информира вчера Државната изборна комисија (ДИК).
Во законскиот рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување, согласно објавениот јавен повик, не било поднесено барање од три или повеќе члена на ДИК за дополнителна проверка на кое било од лицата.
Со тоа, извештајот станува конечен, а Државната изборна комисија за ова писмено ги известила четирите најголеми политички партии.
