Почнува учебната година за основците и средношколците
01.09.2016 08:35
Бројот на првачињата споредено со минатите години е во благо опаѓање. Од вкупниот број ученици 188 илјади се основци, а 80 илјади средношколци.

Прв училишен ден за 270 илјади основци и средношколци. Запишани се 21.250 првачиња, но според надлежното министерство овој број не е конечен, бидејќи уписите ќе траат и во текот на септември.
Бројот на првачињата споредено со минатите години е во благо опаѓање. Од вкупниот број ученици 188 илјади се основци, а 80 илјади средношколци.
Училишната настава треба да почне и во поплавените места во Скопско каде што сѐ уште се санираат штетите во училиштата и се спроведува дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
