Штети на 640 хектари земјоделско земјиште од невремто
Првичната проценка на штетите во Скопско и во Тетовско покажуваат дека со невремето било зафатено земјоделско земјиште од скоро 640 хектари. Најголем дел од насадаите биле со градинарски култури...

Заврши теренската проценка на штетите од невремето во Скопско и Тетовско.
Земјоделците кај кои сеуште не е извршена проценка, до утре, втори септември, можат да поднесат барање до подрачните единица на Министерството за земјоделство во Гази Баба и во Тетово.
Првичните проценки се дека штети има кај 1.300 земјоделци на земјоделска површина од 640 хектари.
Најмногу настрадле градинарските култури на отворено со скоро 170 хектари, со пченка 112, детелина 110, како и кај бостанот, градинарските култури во пластеници, овоштарници, лозја, тутун, јагоди и цвеќе.
Земјоделците ќе бидат обештетени 100 процентно, исто како и со надоместување на штетите од минатогодишното невреме во Пелагониско.
Обештетувањето во земјоделството ќе се врши преку Платежната агенција.
Методија Трајков
