Нови простории на Рускиот конзулат во Битола
01.09.2016 10:29
Почесен конзул е познатиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, а надлежноста на конзулскиот округ ги вклучува општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила и Новаци.
Отворени новите простории на Рускиот конзулат во Битола. Со нив како што изјави амбасадорот на Руската Федерација, Шчербак, ќе се унапредуваат трговските, економските и културните врски меѓу Русија и Македонија.
Почесен конзул е познатиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, а надлежноста на конзулскиот округ ги вклучува општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила и Новаци.
На промоцијата на новиот објект на Конзулатот беа присутни и претставници од Министерството за надворешни на Република Македонија, а просториите ги освети архепископот охридски и македонски господин господин Стефан.
