Отворен добиточниот пазар во Кривогаштани
Агенцијата за храна и ветеринарство по тримесечна забрана му даде виза да тргува со добиток на еден од најголемите пазари во земјава. Пазарот во Кривогаштани има голема понуда на крупен и ситен добиток...

По повеќе од три месеци забрана поради болеста јазлеста кожа, Агенцијата за храна и ветеринарство го отвори еден од најголемите пазари за добиток во земјава. На добитчниот пазар во Кривогаштани врие како во кошница. Има голема понуда на крупен и ситен добиток.
По обновата на пазарот капацитетот е за 600 грла крупен и ситен добиток, распоредени во боксови. Ги исполнува сите стандарди, тврдат надлежните.
Добиточниот пазар ќе се модернизира во наредната, втора фаза.
Добиточниот пазар во Кривогаштани се простира на 6.000 метри квадратни и е со 150-годишна традиција на тргување со добиток во регионот.
Елизабета Митреска
