Се укинуваат хартиените билети во ЈСП
01.09.2016 10:40
Oние за едно возење купени кај возачот и натаму остануваат во употреба. Останатите билети и натаму ќе бидат впишувани во електронските картички...

Од денеска во градскиот јавен автобуски превоз се укинуваат хартиените билети за 10 возења, а оние за едно возење купени кај возачот и натаму остануваат во употреба. Останатите билети и натаму ќе бидат впишувани во електронските картички.
Кај приватните превозници укинувањето е одложено до први јануари наредната година. Објаснувањето во приватниот градски превоз е дека голем број од автобусите биле зафатени од поплавите.
