Пакистан: Самоубиствен напад врз христијани
02.09.2016 10:18
Во нападот биле ранети и тројца припадници на безбедносните сили и двајца чувари.

Најмалку четворица атентатори самоубици рано изутрината извршија напад во регион населен со христијани во северозападен Пакистан.
Во нападот биле ранети и тројца припадници на безбедносните сили и двајца чувари.
Портпаролот на војската соопштил дека безбедносните сили многу брзо одговориле на нападот и сега се во потрага по евентуални сочучесници на напаѓачите.
