„Самсунг“ го повлекува од продажба „Галакси ноут 7“
Како што пренесуваат светските медиуми, досега биле регистрирани најмалку 35 случаи на експлодирање на смартфонот при полнење. Според „Самсунг“, експлозијата е предизвикана од фабричка грешка во батеријата.

Водечкиот производител на паметни телефони „Самсунг“ соопшти дека го повлекува од продажба новиот модел „Галакси ноут 7“, откако е евидентирано дека некои од веќе купените телефони експлодирале при полнење на батеријата.
Од компанијата соопштија дека сите што го купиле овој модел можат да го вратат и да го заменат за друг модел. Како што пренесуваат светските медиуми, досега биле регистрирани најмалку 35 случаи на експлодирање на смартфонот при полнење. Според „Самсунг“, експлозијата е предизвикана од фабричка грешка во батеријата.
Новиот модел беше пуштен во продажба пред нецел месец, а според податоците, досега купени се над милион телефони „Галакси ноут 7“.
По веста за повлекувањето на смартфонот од продажба, акциите на „Самсунг“ забележаа значителен пад.
