Реакција на Амбасадата на РМ во Ватикан за неточна информација во брошурата за Мајка Тереза

05.09.2016 10:28

Македонската амбасада во Ватикан соопшти дека веднаш реагирала по неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза којашто се појави во брошурата подготвена од Ватиканските власти...

Македонската амбасада во Ватикан соопшти дека веднаш реагирала по неточната информација за местото на раѓање на Мајка Тереза којашто се појави во брошурата на англиски јазик подготвена од ватиканските власти за вчерашната свеченост.

„Првата реакција е испратена од страна на нашата амбасада во Ватикан, додека потоа и македонската државно-црковна делегација која што присуствуваше на церемонијата упати остра реакција, со барање брошурата да биде повлечена, грешката исправена и побара објаснување од ватиканските власти за овој пропуст на организаторот“, се наведува во соопштението.

По реакциите, на примероците од официјалните делегации била корегирана грешката.