Реконструирана улицата „Христо Чернопеев“ на Водно

05.09.2016 11:07

Заменета е и 50 години старата водоводна мрежа, а поставени се и нови рабници.

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на улицата „Христо Чернопеев“. Улицата, иако се наоѓа на Водно, претходно немаше ниту фекална ниту атмосферска канализација, која сега е поставена.

Заменета е и 50 години старата водоводна мрежа, а поставени се и нови рабници.

Улицата „Христо Чернопеев“ е во должина од 350 метри и беше оштетена, со ударни дупки и претставуваше опасност и за пешаците и за возилата.