СЕММ: Објективно и професионално известување во предизборниот и изборниот период
Од СЕММ очекуваат дека медиумите нема да се претворат во разгласни станици на политичките партии и дека постојано ќе информираат според професионалните принципи и етичките норми.

Советот за етика во медиумите ги повика медиумите за време на претстојниот предизборен и изборен период да известуваат објективно и професионално според основните принципи на новинарското работење.
Од СЕММ очекуваат дека медиумите нема да се претворат во разгласни станици на политичките партии и дека постојано ќе информираат според професионалните принципи и етичките норми.
Во интерес на етичкото и професионалното работење очекуваме медиумите да не се претворат во разгласни станици на политичките партии, а со јавноста е потребно да комуницираат редовно и да информират квалитетно за сите политички процеси и актери во изборниот процес, истакна Марина Тунева, извршен директор во Советот за етика во медиумите.
Од Советот информираат дека од потпишувањето на Повелбата за етичко известување за избори, до нив се пристигнати околу 80 жалби од кои најголем дел се однесуваат на прилозите објавени во порталите.
Претставките најмногу се однесуваат на порталите. Веројатно ова ќе продолжи и во наредниот период од едноставна причина што порталите не се регулирани, туку се оставени на саморегулација, рече Мирче Адамчевски од Советот за етика во медиумите.
Тој посочи дека најголем број од претставките се однесуваат на тоа дека во прилозите не е застапена втора страна, забележано е мешање на мислења со факти, давање коментари без факти, а сеуште присутен е и говорот на омраза
