Сообраќајка во Турција: Автобус со македонски туристи се судри со шлепер, најмалку еден загинат
Според првичните информации на турските медиуми, несреќата се случила на автопатот во близина на градот Малкара. По судирот автобусот со скопски регистерски таблички се заглавил во шлеперот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри. Повредените патници биле префрлени на лекување во најблиската болница...

Најмалку еден загинал, а 38 патници меѓу кои и двајцата возачи се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случула ноќеска во Турција кога македонски автобус полн со туристи се судрил со камион.
Според првичните информации на турските медиуми, несреќата се случила на автопатот во близина на градот Малкара. По судирот автобусот со скопски регистерски таблички се заглавил во шлеперот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри.
Повредените патници биле префрлени на лекување во најблиската болница во Малкара, а тие што минале со полесни повреди останале на местото на несреќата.
Во автобусот имало двајца возачи и 39 патници. Несреќата се случила откако автобусот удрил одзади во шлеперот. Причината за несреќата сѐ уште не е позната.
