Свечена академија за Мајка Тереза во МАНУ

06.09.2016 10:03

Обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, Таки Фити и министерката за култура Канчевска- Милевска, и скопскиот бискуп и апостолски егзарх, Киро Стојанов.

Свечена академија по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица ќе се одржи во Македонската академија за науки и уметности. Обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, Таки Фити и министерката за култура Канчевска- Милевска, и скопскиот бискуп и апостолски егзарх, Киро Стојанов.

Академијата е дел од татковинската прослава „Денови на Св. Мајка Тереза“. Вечерва и во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ ќе се одржи миса, а во Музејот на Град Скопје изложба.