Зад затворени врати продолжува судењето за случајот „Дивa населба“

06.09.2016 11:20

Денешното рочиште е затворено за јавноста, бидејќи во тек е испитувањето на заштитените сведоци, полициски службеници кои учествувале во борбените дејствија од 9-ти и 10-ти мај минатата година.

По еден месец пауза, во големата сала на Врховниот суд, продолжи судскиот процес за случувањата во кумановската „Дива населба“. Рочиштето е сè уште затворено за јавноста, бидејќи во тек е испитувањето на заштитените сведоци.

Процесот почна на 9-ти февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати поради спојувањето на предметите „Дива населба“ и „Молња“.

Во предметот „Дива населба“ се обвинети 29 лица кои се товарат за терористичко организирање и тероризам. Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.

Обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни. На досегашните рочишта беа сослушани бројни сведоци на обвинителството, роднини и соседи на обвинетите и полициски службеници што учествуваа во дводневните вооружени престрелки, лани во мај.