На УКЛО се очекуваат 2.000 бруцоши, најголем интерес за техничките науки
Во двата уписна рока на Битолскиот универзитет се запишале 1.600 бруцоши. Бројката со третиот рок се очекува да се искачи на 2.000. Најголем инетерс има за техничките науки, велат од раководството на оваа високообразовна установа...

Второформираниот универзиртет во земјава останува важен играч во високообразовниот процес. Во двата уписни рока запашани се околу 1.600 бруцоши, а по третиот се очекува да достигне 2.000 што е на ланското ниво. Трендот на постојано намалување во последните дестина година се чувствува, но, сепак тоа е бројка што им одолева на сложените услови наметнати од нелојалната конкуренција, наталитетот и миграциските движења.
„Овие бројки обезбедуваат оптимален високо образовен процес односно распоредување по сите единици и засега не се опасност од тоа дека некоја би била затворена поради недоволен бројана студенти“, вели ректорот на универзитетот „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Сашо Коруновски.
Најслаб е интерсот на Ветеринарниот факултет, а позитивно изненадување има кај техничките науки. 11- насто од досега запишаните се со индекс на Техничкиот факултет. Резултат на една подолготрајна систематска работа, велат од универзитетот.
„Самите студиски програми почнавме да ги концепираме во соработка со стопанството, ги слушавме нивните потреби за она што треба да го добијат како профил, а исто така практичната настава е далеку на високо ниво, а магнет за сдудентите се и повеќето обезбедени стипенди“, изјави проректорот, проф. д-р Елизабета Бахтовска.
Состојба која ја наметнува и развојната компонента на универзитетот. Велат, намалување на експанзијата на дисперзираните стидии и сериозна анализа на ефикасноста на студискиските програми.
Во УКЛО останува посветеноста и соработката со еминентните универзитети од светот и прифаќање на заеднички програми што би продуцирале кадар кој полесно би се пласирал на пазарот на трудот.
Стевче Митревски
