Димитриев: 8-ми Септември е нашиот трет Илинден

08.09.2016 12:48

Празник кога оддаваме почит и благодарност до сите наши предци кои со својата храброст, пожртвуваност и посветеност го трасираа патот на независна и самостојна Република Македонија, но и празник кој не поттикнува да размислуваме за иднината...

Осми септември е нашиот трет Илинден - празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа, се вели во честитката до граѓаните на премиерот Емил Димитриев по повод Денот на независноста.

Празник кога оддаваме почит и благодарност до сите наши предци кои со својата храброст, пожртвуваност и посветеност го трасираа патот на независна и самостојна Република Македонија, но и празник кој не поттикнува да размислуваме за иднината на нашата држава и за дејствување кое секогаш е водено од добра мисла и добра намера, вели во честитката Димитриев.