Русија ќе испрати хуманитарен конвој за Македонија

09.09.2016 11:22

Камиони на министерството се подготвени во Центарот за спасување Ногинск во близина на Москва да ја испорачаат хуманитарната помош за настраданите од поплавата во почетокот на август...

Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека ќе испрати хуманитарен конвој за Македонија како помош на настраданите од поплавата во почетокот на август во Скопје.

Камиони на министерството се подготвени во Центарот за спасување Ногинск во близина на Москва да ја испорачаат хуманитарната помош за македонското население.

Станува збор за пет возила кои носат генератори за струја, пумпи и конзервирана храна.

Камионите наскоро ќе заминат во Македонија во согласност со барањето на македонските власти, соопштија од руското Министерство за вонредни состојби.