Стопирана изградбата на објектот кај зградата на МНР
Инвеститорот доби инструкции да ја насочи работата на обезбедување на земјиштето и соседните објекти, откако завчера поради скината канализациска цевка, градилиштето беше поплавено.

Изградбата на објектот кај зградата на мнр е стопирана од градежната инспекција на општина Центар. Инвеститорот доби инструкции да ја насочи работата на обезбедување на земјиштето и соседните објекти, откако завчера поради скината канализациска цевка, градилиштето беше поплавено.
Општина Центар соопшти дека испитува дали инвеститорот има изготвен елаборат за заштита на градежната јама. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кое работеше на испумпување на водата, најави дека ќе го тужи инвеститорот и ќе бара надомест за направената штета и за санирањето на истата.
