Регионална соработка во борбата против тероризмот и организираниот криминал
За заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност Бесир Деари, тероризмот и организираниот криминал се закани кои ги засегаат и државите од Западен Балкан и за кои треба да се воспостават ефикасни механизми за размена на податоци.

Полициите на Македонија, ЕУЛЕКС на Косово, Србија и Албанија заеднички ќе соработуваат во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Тероризмот не познава граници, па затоа е потребна поголема институционална организираност и овој феномен мора да се решава на глобално ниво.
Тероризмот и организираниот криминал претставуваат глобален проблем и закана. Терористичките напади коишто се случија во Франција, Турција и во Германија и кои предизвикаа голем број човечки жртви и огромна материјална штета претставуваат јасни индикатори дека овој феномен мора да се решава на глобално ниво, изјави шефот на Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово, Оливер Хофман.
За заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност Бесир Деари, тероризмот и организираниот криминал се закани кои ги засегаат и државите од Западен Балкан и за кои треба да се воспостават ефикасни механизми за размена на податоци.
Ова е прва конференција од овој вид. Идејата е секоја земја учесник во иницијативата, по пат на ротација, да организира ваква средба со различни теми на дискусија, рече Деари.
Следната конференција на која четирите држави од Западен Балкан ќе разговараат за теми од организираниот криминал и тероризмот ќе се одржи на Косово.
