Кавадаречката болница доби мамограф
За првпат е набавен мамаограф. Чини 7,5 милиони денари...

Пациентките од кавадаречкиот регион услугите за мамографија ќе може да ги добиваат во Општата болница во Кавадарци. За првпат е набавен мамаограф. Чини 7,5 милиони денари.
Со негово ставање во функција, ќе се овозможи на околу триесетина илјади жени од регионот, да можат да добиваат ваква здравствена услуга. Мамографијата е многу важна здравствена услуга заради превенција и рано откривање на рак на дојка кај женската популација, кое е најчесто малигно заболување кај жените. Од овој аспект, јас сум многу задоволен што за прв пат овде ќе може да се дава оваа здравствена услуга и што жените од овој регион нема да бидат принудени да одат и да патуваат во други градови, за да ја добијат оваа услуга, нагласи министерот за здравство, Никола Тодоров.
Од понеделник се стартува со обука, а најавено е од 21-ви месецов да почне да функционира и со „Мој термин“.
