Без складишта за арско ѓубре нема субвенции за фармите
За да добијат субвенции за своето производство и за добитокот, поголемите сточарски фарми мораат да имаат складишта за арското ѓубре. Доколку сакаат половина од парите за трошоците можат да ги обезбедат со ИПАРД програмата...

Доколку сакаат субвенции, големите фарми ќе мора да имаат и складишта за арското ѓубриво.
Обврската е за стопанствата со повеќе од 50 крави, 250 свињи, 5.000 несилки или 10.000 бројлери.
Складиштата треба го спречат загадувањето на водите и воздухот, и да обезбедат минимално губење на хранливите вредности.
Складиштата за арското ѓубриво на земјоделските површини, односно на нивите, мора да бидат оддалечени најмалку 10 метри од брегот на реките и на езерата , и 25 метри од бунарите и од каналите.
Половина од вложените пари за оваа инвестиција фармерите можат да ги обезбедат преку ИПАРД програмата.
Методија Трајков
