Продолжува судскиот процес за „Дива населба“

14.09.2016 10:40

Процесот почна на 9-ти февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати поради спојувањето на предметите „Дива Населба“ и „Молња“.

Во големата сала на Врховниот суд, продолжува судскиот процес за случувањата во кумановската „Дива населба“. Рочиштето е сè уште затворено за јавноста, бидејќи се испитуваат заштитените сведоци.

Процесот почна на 9-ти февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати поради спојувањето на предметите „Дива Населба“ и „Молња“.

Во предметот „Дива Населба“ се обвинети 29 лица кои се товарат за терористичко организирање и тероризам. Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.