Жбогар во посета на прифатниот центар во Гевгелија

16.09.2016 14:07

Европската унија досега и има дадено 14 милиони евра на Македонија за успешно справување со бегалската криза, изјави новиот евроамбасадор во земјава...

Во Прифатно- транзитниот центар во Гевгелија во моментов има 127 мигранти кои се сместени таму веќе четири месеци. Во посета на центарот денеска беше новиот амбасадор на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар. Тој изјави дека Европската унија досега и има дадено 14 милиони евра на Македонија за успешно справување со бегалската криза.

Земјите членки на Европската унија навистина многу брзо реагираа на повикот од вашата земја да и помогнат во справувањето со мигрантската криза и затоа би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам. Моментно тука се наоѓаат уште 166 странски полициски граничари кои и помагаат на вашата полиција во обезбедување на границата, изјави Жбогар.

Еврокомесарот додаде дека се уверил дека во ПТЦ Гевгелија што се однесува до мигрантската криза сѐ е под контрола и дека средствата што ги дава ЕУ се трошат паметно за исхрана, патни трошоци и сместување на странските полициски сили, како и за набавка на потребната опрема за набљудување на границата и за регистрација на мигрантите.