Метео: Следува облачно и посвежо време

16.09.2016 15:10

Нестабилно ќе биде и во недела, а од понеделник ќе преовладува облачно и значително посвежо време...

Првиот ден од викендот ќе ни почне со сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне на места се очекува појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во западните и југоисточните делови.

Нестабилно ќе биде и во недела, а од понеделник ќе преовладува облачно и значително посвежо време.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска