Земјотрес од 2,4 степени по Рихтер почувствуван во Скопје

20.09.2016 17:05

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека епицентарот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје и оти е почувствуван со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со магнитуда од 2,4 според Рихтеровата скала попладнево во 15:56 часот е регистриран во Скопје и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека епицентарот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје и оти е почувствуван со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, во 13:20 часот беше регистриран уште еден земјотрес со магнитуда од 1,9 степени според Рихтер и три степени според Европската макросеизмичка скала.