Јанева ќе го презентира извештајот на СЈО пред Комисијата за политички систем

21.09.2016 10:16

Пленарната седница за извештајот на Специјалното јавно обвинителство, претседателот на парламентот Вељаноски ја закажа за в понеделник...

Вториот 6-месечен извештај на Специјалното јавно обвинителство, пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Пратениците ќе го разгледуваат и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2015 година.

Пленарната седница за извештајот на Специјалното јавно обвинителство, претседателот на парламентот Вељаноски ја закажа за в понеделник.

Извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева, се однесува за периодот од 15-ти септември 2015 до 15-ти март годинава.