Позитивен извештај на ад хок телото за медиумите
Ад хок телото оценува дека информативните изданија на радиодифузерите биле главно неутрални, а медиумите се обиделе да обезбедат ставови од повеќе извори. Воедно ги повика медиумите да ги почитуваат законските обврски, да известуваат балансирано, и да избегнуваат поистоветување на партија со државата.

Привремената комисија за следење на медиумското преставување нема да поднесе предлози за прекршочни пријави против радиодифузерите до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Ад хок телото оценува дека информативните изданија на радиодифузерите биле главно неутрални, а медиумите се обиделе да обезбедат ставови од повеќе извори. Воедно ги повика медиумите да ги почитуваат законските обврски, да известуваат балансирано, и да избегнуваат поистоветување на партија со државата.
Привремената комисија го разгледуваше извештајот на Агенцијата за известувањето на 18 телевизии и радиодифузери.
100 дена пред изборите се разгледува почитувањето на Изборниот законик од телевизиите, при што членовите што се однесуваат на избалансираното известување и поистоветувањето на партијата со државата се разгледуваат во 10-дневни периоди.
