И покрај сите проблеми, лозарите подигаат нови насади
Покрај тешкотиите со пласманот, откупните цени и плаќањето на винското грозје лозарите се решаваат за подигнување нови лозови насади. Од почетокот на рокот запријавување за субвенции се јавиле повеќе од 80 земјоделци...

До 30-ти септември лозарите и овоштарите ќе можат да побараат финансиска подршка за нови насади подигнати од 1-ви јануари до 30-ти септември 2016 година.
Досега, на половина од рокот, веќе се јавиле повеќе од 80 земјоделци за вкупна сума од скоро 14 милиони денари, додека на огласот на почетокот од годинава имало106 барања.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти, во зависност од возраста на земјоделецот и местото на насадите, а подршката може да биде најмногу до 2,5 милиони денари по корисник.
Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци.
Барателите кои ги исполниле условите за користење на парите со ист број на бодови се рангираат според датумот и времето на аплицирање.
Методија Трајков
