Православните христијани го чествуваат раѓањето на Пресвета Богородица
21.09.2016 10:34
Ова е еден од големите празници на светата Православна црква, кој иако се смета за почеток на сите празници, сепак, почнал да се празнува многу подоцна.

Православните христијани денеска го чествуваат раѓањето на Пресвета Богородица, или Мала Богородица, празник на мајката на сите мајки.
Ова е еден од големите празници на светата Православна црква, кој иако се смета за почеток на сите празници, сепак, почнал да се празнува многу подоцна.
Во сите храмови се служи утрена и света литургија. Верниците доаѓаат да запалат свеќа за здравје и бериќет.
