Финансиска инклузија преку микрофинансирање
Проектот за иновација и инклузија во микрофинансирањето работи на подобрување на финансиските знаења кај различните групи на население, подобрувајќи ја регулаторната рамка за микрофинансирањето и подобрувајќи ги технолошките капацитети и човечките ресурси во микрофинансиските организации.
На семејствата со ниски или без примања, како и претприемачите од микро и малите претпријатија, ќе им биде олеснета можноста за финансирање со новиот проект на Американската агенција за меѓународен развој.
Проектот за иновација и инклузија во микрофинансирањето работи на подобрување на финансиските знаења кај различните групи на население, подобрувајќи ја регулаторната рамка за микрофинансирањето и подобрувајќи ги технолошките капацитети и човечките ресурси во микрофинансиските организации.
И покрај тоа што микропретпријатијата како целина се многу важен сегмент во економијата, нивниот пристап до пазарот на капитал е ограничен бидејќи станува збор за мали субјекти кои имаат до 10 вработени. Оттаму улогата на микрокредитирањето е од суштинско значење за развојот на овој сегмент и за развојот на претприемништвото во земјава, порача министерот за финансии Кирил Миноски на конференцијата во Скопје.
Џејмс Стаин, директор на Мисијата на УСАИД во Македонија потенцира дека во светот над 2 милијарди луѓе немаат пристап до формалните банкарски услуги и затоа финансиската инклузија е важен фактор во намалување на сиромашитијата и развој на економијата.
Се фокусираме освен на домаќинствата со ниски приходи и на микро и малите претпријатија кои претставуваат доминатен дел од националната економија, кои се значајни за развојот и на овој начин ќе ги реализираат своите намери, истакна Стаин.