Божиновски штрајкува со глад, ЗНМ бара да му се укине притворот

22.09.2016 16:57

Притворениот новинар Зоран Божиновски на 14 септември почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес, информираше претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Од таму бараат негово неодложно ослободување. Поддршка даде и генералниот секретар на Европската федерација на новинарите, Рикардо Гутиерез...

Откако на 14 септември новинарот Божиновски почнал штрајк со глад, ослабел 20 килограми и лекарите го одржуваат во живот со инфузии, информираше прстедателот на знм селмани. Затворската управа го знаела тоа и не го информирала ниту неговиот адвокат, ниту народниот правобранител. При посетата на адвокатот, Божиновски му рекол дека или ќе го пуштат од притвор или ќе умре во затворот зашто смета дека неоправдано го држат.

Поддршка за ослободување на Божиновски даде и генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Гутиерез. Тој вели дека е разочаран што и после потшишувањето на документот во Советот на Европа за заштита на новинарите, властите во земјава ништо не направиле за подобрување на состојбите.

Одговорајќи на новинарско прашање за последниот случај во МТВ во врска со протеченото интервју во јавноста, Селмани одговори дека во МРТВ е потребен генерален реизбор на сите органи. Сѐ дотогаш, како што рече Селмани, јавниот радиодифузен сервис не може да биде ниту слободен, ниту независен.

 

Фиљана Кока