Граѓаните на РС гласаа 9 јануари да остане Ден на Републиката

26.09.2016 08:35

Големо мнозинство од граѓаните на РС гласаа 9 јануари да остане Ден на РС.

Во Република Српска е одржан рефендум, на кој граѓаните се изјаснија дека и иднина ќе го прославуваат 9 јануари како Ден на РС.

Големо мнозинство од граѓаните на РС гласаа 9 јануари да остане Ден на РС.

Комисијата за спроведување на референдумот соопшти дека на 71 отсто од избирачките места, 99,8 отсто од граѓаните гласале 9 јануари и во иднина да се одбележува како Ден на РС. Излезноста на околу 1,2 милиони гласачи изнесувала околу 60 отсто.

Уставниот суд на Босна и Херцеговина и нареди на РС да го премести празникот, но властите во Бања Лука одлучија да организираат референдум по тоа прашање. 

Референдумот, како што коментираат светските агенции е одржан и покрај одлуката на највисокиот суд на БиХ и западниот притисок да се откаже процеост, кој како што оценуваат, претставува ризик за разгорување на етнички тензии во таа балканска земја.

Полицијата соопшти дека не се пријавени инциденти за време на гласањето, а Владата на РС порача дека ќе постапи во согласност со одлуката на судот за Денот на РС и ќе го измени Законот за празници, но дури по гласањето.

Западни медиуми потсетуваат дека овој рефендум е прв откако во 1992 година беше одржано гласањето за отцепување од тогашна Југославија.